30-дневен притвор за 8 лица во случајот „Двојник“

од Nikola Popovski

Вечерва, судија на претходна постапка од Кривичниот суд Скопје, го прифати предлогот на скопското јавно обвинителство и одреди мерка 30-дневен притвор за осум лица осомничени за издавање на лажни пасоши во случајот „Двојник“.

Мерки на претпазливост им се изречени на двајца од осомничените, додека пак 11-тото осомничено лице е во бегство.

Полицијата се сомнева дека тие дека во континуитет од неколку години издавале лажни патни исправи на членови на меѓународни криминални групи. Обвинителството денеска до Кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор против осуммина од нив од кои еден е во бегство а еден од нив веќе се наоѓа во притвор за незаконско издавање возачки дозволи. Против двајца пак е поднесен предлог за определување мерки на претпазливост.

„Оној дел од истрагата во врска со доказите е завршен со приведувањето на овие припадници на МВР, но продолжува акцијата на меѓународно ниво, работиме заедно со Интерпол и секој нов доказ што се појавува истрагата ќе се проширува. Од почетокот на 2019 година се работи на овој случај, уште тогаш се појавуваат првите индиции. Имавме пред неколку месеци друга група која ја приведовме за издвање нелегални возачки дозволи. За секое лице за кое имаме доказ е приведено.“ – изјави министерот за внатреши работи, Оливер Спасовски, за акцијата „Двојник“.

Слични содржини