318 кандидати за Нобелова награда за мир

од Vladimir Zorba
114 прегледи

Кандидатите за Нобелова награда за мир за 2017 година се 318, се наведува во соопштението на организацијата.

Кандидатите за Нобелова награда за мир за 2017 година се 318, се наведува во соопштението на организацијата. Според норвешкиот Нобелов комитет, во вкупната листа на номинираните се 2125 поединци и 103 организации.

Ова е втора по должина листа по 2016 година, кога кандидатите беа 376. Според конзервативните правила Комитетот го пријави само бројот на претендентите, а нивните имиња ќе се тајна за 50 години. Сега претстои работа на изготвување на скратен список во кој кон есента ќе останат меѓу пет и дваесет имиња на јавни работници и организации кои тсе кандидирани  за наградата. Во 2016 година Нобеловата награда за мир доби претседателот на Колумбија Хуан Мануел Сантос за неговите напори за прекин на тграѓанска војна која траеше над 50 години во земјата, во која загинаа над 220 илјади колумбијци