34-ти Охридски маратон: Доминација на Французите, Поп Ацев го освои третото место

од Nikola Popovski
277 прегледи

По 5 часа и 10 минути во Охридското Езеро, французинот Рејмонд Аксел прв стигна до целта на 34. Охридски пливачки маратон.

-Неговата сограѓанка, Касињол Ошан пливаше 5 часа и 16 минути и беше најбрза меѓу 7-те маратонки. Честитки за победата и уште многу успеси!, напиша претседателот Стево Пендаровски, доделувајќи ги наградите за најдобрите.

Рејмонд ја мина делницта од Св. Наум до Охрид за повеќе од пет часа, а најдобар македонски претставник очекувано беше Евгениј Поп Ацев кој го освои третото место.

Охридскиот пливачки маратон е редовна трка од светската серија на ултра маратони на (ФИНА) – Светската пливачка федерација, која се одржува под покровителство на Претседателот на Република Северна Македонија.