Досега 39 пратеници од минатиот парламентарен состав поднеле барање за апанажа до Собранието, односно исплата на плата по завршување на мандатот.

Комисијата за прашања на изборите и именувањата вo петок на седница треба да даде зелено светло за исплата на апанажа на пратениците од минатиот парламентарен состав во износ од околу 1000 евра.
Педесет и еден пратеник од седмиот парламентарен состав поднесоа барање за апанажа, а од собраниската сметка за оваа намена се издвојуваа по околу 50.000 евра месечно.