
МИНИМАЛНИ ТЕМПЕРАТУРИ
-4 Берово, -3 Лазарополе, -2 Битола, -1 Прилеп, Маврово, Претор, Скопје Петровец, 0 Кр. Паланка, Крушево, Охрид, Д. Капија, Дебар, 1 Тетово, 2 Струмица, Пожаране, 3 Тополчани, Скопје Зајчев Рид, Виница, Ѓуриште, 4 Куманово, Штип, 5 Гевгелија, Дојран.
НАВРНАТ ВОДЕН ТАЛОГ (во л/м2) за 24 часа, до 8 часот.
Без врнежи
МОМЕНТАЛНА СОСТОЈБА
Во текот на ноќта во поголемиот дел од земјава преовладуваше ведро и посвежо време, а во северните и западните делови имаше на повеќе места умерена облачност. Утринава во земјава времето е сончево со мала до умерена облачност, а во северните и источните делови има локално зголемена облачност. Дува слаб до умерен северен ветер, особено на повисоките места и планините.
ВРЕМЕТО ДЕНЕС
Сончево со мала до умерена локална облачност и со умерен, а долж Повардарието и во источните делови повремено засилен северен ветер.Највисоката температура на воздухот ќе се движи од 10 до 19 степени.
Скопје Сончево со мала до умерена облачност и со умерен, повремено засилен северен ветер.Највисоката температура на воздухот ќе достигне до 16 степени.
ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ
Утре времето ќе биде сончево и потопло со мала до умерена облачност, а на места утринските температури ќе се спуштат под нула. Ќе дува слаб до умерен, а во западните делови повремено засилен југозападен ветер. Преодно зголемување на облачноста со слаб локален дожд ќе има во недела. Дневните температури ќе бидат во пораст, особено за викендот и во првите денови од наредната работна седмица и ќе се движат во интервалот од 14 до 22 степена