Боксoт изгледа како тежок, моќен спорт, кој сепак крие многу придобивки за здравјето. Додека боксува човек го движи целото тело и тоа на еден забавен начин.
Овој спорт е полн со благодет и елеганција, и покрај лошата репутација. Се вели дека тој предизвикува Алцхајмерова болест, поради повредите на главата, но вистината е дека ако го вежбате само за здравје, никој нема да ве удира по главата.
Може само да боксувате со спаринг партнер или со вреќи. Денес боксот е достапен за секој, бидејќи се нудат тренинзи во повеќето спортски сали. Сорти на боксот – кикбокс и Тае-бо исто станаа супер популарни во последните години и има зошто.
А еве и 4 главни придобивки за здравјето од овој спорт:
1. Брани од кардиоваскуларни болести
Според многу луѓе бокс е подобар кардио спорт од трчање пример, а освен тоа е и многу забавен. Боксот исто како сите аеробни вежби помага во спречување на срцеви заболувања, гори калории и помага за брзо губење на тежината.
2. ја подобрува општата кондиција на телото
Во боксот има сè – удирање, скокање, внесување на многу енергија и сила, брзи реакции. Во овој високо интензивен спорт учествува целото тело, се гради мускулна маса насекаде и затоа се подобруваат целокупниот тонус и кондиција на телото. Боксот е спорт кој се фокусира на горниот дел од телото, но долниот дел исто учествува постојано.
3. Ја подобрува координацијата око-рака
Координацијата око-рака е нешто на што се потпираме секој ден. Затоа зајакнувањето на оваа врска може да ни помогне во секојдневниот живот. Ако се обложувате на тренинзите во бокс, ќе добиете подобра реакција и побрзи рефлекси. Покрај тоа, тоа ќе ви е особено корисно подоцна во животот, кога рефлексите и онака се успоруваат.
4. Го намалува стресот и го подобрува расположението
Ако сте под стрес – одете во спортската сала, ставете боксерски ракавици и истурете ја нервозата на вреќата. Веднаш ќе се почувствувате посреќни и помирни. Боксот има тенденција да биде катарза за некои луѓе, бидејќи води до ослободување од сиот стрес и лоши вибрации што, од своја страна, води до подобро расположение. Овој спорт не само што ќе ја зголеми вашата сила, брзина, издржливост и агилност, но и ќе ја зајакне самодовербата. Па не се плашете да соберете еден пар ракавици и да започнете да вежбате!