Без разлика дали сте од оние кои сакаат секојдневно да имаат убава фризура или пак едноставно само се чешлаат пред да излезете од дома, треба да знаете дека состојбата во која се наоѓа вашата коса, многу открива што е вашето здравје.

Косата многу ви паѓа
Жените во просек дневно губат околу 100 влакна, што е сосема нормална појава. Но, ако забележите дека косата почнала значително да се намалува за решение на проблемот одете на лекар. Опаѓањето на косата обично претпоставува дека дошло до хормонален дисбаланс во организмот, но и на болести поврзани со тироидната жлезда. Падот може да биде предизвикан и од недостатокот на минерали како железо и цинк, како и од употребата на одредени лекови.
Тенки и слаби влакна
Кога влакната на косата ви се дебели и здрави, по некое време може да ја изгубат својата цврстина, тоа може да покажува болест на тироидната жлезда, што се должи на намалено лачење на хормони. Структурата на косата може да се промени и како резултат на стрес. Поради стресот косата расте побавно губи сјај и станува сува. Стресот предизвикува задржување на натриум, кој се акумулира околу влакното, при што таа не може да ги добие потребните хранливи материи.
Предвремено побелена косата
Ако сте на помалку од 35 години и косата ви белее веројатно имате недостаток на витамин Б12 и В9. Промената на бојата на косата во рана возраст може да биде последица и на анемија, проблеми со бубрезите, но и кожни болести.
Коса, паѓа на цели купчиња
Влакната содржат кератин, кој е вид протеин, па ако диетата не ви е богата со протеини истите можат да почнат да ви влијаат лошо. Кревката коса се појавува и како резултат на исхрана со малку јагленхидрати. Друга причина за нестабилност е и недостатокот на витамини A и биотин. Коса која паѓа на купчиња може да е последица на алопеција ареата, автоимуна болест прeдизвикана од големи промени во организмот. Не ретко прамени коса паѓаат и поради цитостатици, антидепресиви, лекови за намалување на холестеролот и високиот крвен притисок.