4-те задолжителни нешта на вашето биро

од Vladimir Zorba
107 прегледи

Седењето 8 и повеќе часови на ден зад бирото може да формира доста штетни навики, кои со текот на времето ќе се рефлектираат врз здравјето.young-woman-working-in-home-office-2-1024x554

Дремењето во канцеларија, сепак не е изговор да ги игнорирате потребите на вашето тело и да се оправдате за влошениот изглед на вашата кожа, забавениот метаболизам и постојаниот замор.

Што треба задолжително да присуствува на работна маса, за да бидете здрави и тонизирани:

Шише вода

Потонати во работата, често забораваме да пиеме, освен кога жедта не стане невозможна. Сигурно сте прочитале барем еднаш дека возрасен човек треба да внесува во просек по 2 литри течност на ден.

Ставeте едно големо шише минерална вода на масата и тоа ќе ве потсетува дека треба да пиете течности почесто. Поставете цел да го испразните целото шише во рамките на работниот ден.

Антибактериски гел / влажни марамчиња

Тастатурата е едно од местата со најмногу бактерии. Прстите постојано се на копчињата, а потоа во устата, косата, на лицето. Нема како да се миете на секои 5 минути, а и во канцеларија сигурно постојано влегуваат и излегуваат луѓе со кои се поздравувате, разменувате документи итн. Сето ова оди во вашите прсти, а потоа и на кожата кога се допира. Најлесно е да имате до себе дезинфекционо средства кое може и да не е сапун, но сепак убива голем дел од микробите во вашите раце.

Салфетки

Сувите салфетки исто се потребни. Сигурно ви се случило да ви потече носот, да се полеете со кафе или друга течност и да го испрскате бирото / компјутерот. Може да се покажат како спасоносно средство и за колегите!

Здрави “грицки”

Кога човек седи пред компјутерот, тој често посегнува кон нездрава храна како вафлички, чипсови, слатки. Чувајте крај себе по нешто диетално со што ќе го совладате лажниот глад . Пример интегрален бар, некое овошје или јогурт.