Многумина веруваат дека по линиите на дланките можете да дознаете се за карактерот на човекот и дури да ја прогнозирате неговата судбина. Точно или не – тоа проверете го сами, но, да бидеме искрени, понекогаш сепак ни се сака да ѕирнеме зад завесата на својата судбина со помош на вежбата наречена “хиромантија”.
Може да го направите тоа на еден многу едноставен начин. Погледнете г дланките на рацете … Споени ли се линиите на срцето, како што е на сликата?

Што значи нивото на линијата на срцето
Соберете ги заедно двете дланки. Ако линијата на срцето на левата рака е пониска отколку на десната, тоа значи дека сте попаметни од годините. Но си останувате романтичар и човек со добро развиена интуиција.
Ако линијата на срцето на левата рака е повисока отколку на десната, тоа е знак дека сте борач во животот. Вие сте независна, насочена личност и умеете да уживате во секој детал, без разлика каков.
Ако линиите на срцето се собираат, тоа значи дека вие не ги прифаќате со особено задоволство промените во животот. Строга дисциплина, воспитување и способност да останете смирени во сите ситуации – тоа е она за вас.