5 фрижидери за чување на вакцините против корона пристигнуваат во земјава

од Vladimir Zorba

Пет фрижидери донација од американска фондација со капацитет да мрзнат до -80 степени за чување на вакцини против коронавирусот се очекува месецов да пристигнат во земјава.

Од Министерството за здравство велат дека ќе има и дополнителни вакви магацински капацитети преку донации.

Останатата инфраструктура за вакцинацијата е подготвена, операторите веќе имаат т.н. студени соби и возила за ладен синџир на дистрибуција на вакцините.

Здравствените работници, исто така, ќе добијат посебен тренинг за манипулација со самата вакцина, односно за земањето, дозирањето и растворањето.

Првите дози вакцини преку Ковакс-механизмот се очекува земјава да ги добие кон крајот на јануари или почетoкот на февруари. Потоа, како што најави министерот за здравство Венко Филипче, преку директна спогодба со компанијата „Фајзер“ и донација од Делегацијата на ЕУ се очекуваат вакцини за вкупно 1,2 милиони граѓани.

Слични содржини