5 грешки кои ги правиме кога купуваме храна во маркет

од Elena Daskalova
377 прегледи

Купувањето во маркет и на пазар може да биде забавно и релаксирачко, но некогаш може да биде и доста стресно, во зависност од тоа што треба да купуваме.

Ова се најчестите грешки кои ги правиме во супермаркет:

Шопинг кога сме гладни

Грешка е да купувате кога сте гладни. Тогаш не само што ќе изберете храна што е лоша за вас, туку и импулсивно ќе потрошите повеќе пари.

Игнорирање на брендови

Ова е уште една грешка која многумина ја прават. Можеби нешто ви изгледа навидум исто, а разликата во цена ја прави квалитетот на состојките од кои е произведено. Обрнете внимание на тоа.

Купување на големо

Можеби ви се чини дека е добра идеја да купите на акција или понуда 3+1 гратис, но дали сте сигурни дека користите толкави количини од конкретниот производ? Дали сте сигурни дека ќе потрошите 3 килограми портокали за една недела, само затоа што на секои 2кг добивате уште еден гратис?

Купување на слепо

Влегувате во маркет и само полните производи? Тоа е лоша идеја уште во старт. Најдобро е да испланирате од дома, па дури и да излезете со список, за да не заборавите и да лутате меѓу гондолите, прашувајќи се по што сте дошле.

Сезонски намирници

На некои овошја и зеленчуци сезоната не им е преку целата година, но сепак се достапни за купување, а исто така и поскапи, а помалку вкусни. Користете само сезонски производи.

Слични содржини