5 храни кои штитат од проблеми со ерекцијата

од Vladimir Zorba
132 прегледи

Овошјето и црвеното вино може да го намалат ризикот од еректилна дисфункција, тврди ново британско истражување. Научниците ја истражувале исхраната на 25.000 мажи во период од 10 години. Од нив само една третина развиле проблеми со ерекцијата.69ca8ba0b7810c851e35182304e2dc07

По детална анализа се покажало дека “сексуално здравите” мажи конзумирале 3-5 пати неделно конкретна храна која според експертите е причината за тоа да ја задржат формата на машкото достоинство.

Предметната храна е: јагоди, портокали, црвено вино, јаболка и круши.

Зголемената моќ на пенисот се должи на флавоноиди (семејство соединенија откриени во овошјето и зеленчукот), тврди авторот на студијата д-р Аедин Касиди, шеф на катедрата за исхрана  во медицинското училиште Норвич.

Кај повеќето случаи на еректилна дисфункција причината е недоволен прилив на крв во пенисот. Предметните флавоноиди, откриени во овие храни, ја подобруваат циркулацијата во артериите и ги прават пофлексибилни, а освен тоа ги прошируваат и крвните садови, сподели Касиди.

Слични содржини