5 минутниот маникир кој секој маж треба да го направи

од Vladimir Zorba
89 прегледи

Да се ​​шетате со црни и неисечени (изгризани) нокти е грдо и невкусно. Но, малкумина се мажите кои би се осмелиле да влезат во салон за убавина и да си ги средат своите нокти.c7fda0218dc27401d16e6a81f67b123b

Не ве обвинуваме, но не ве ни извинуваме! Може да се погрижите за рацете и во домашни услови, без да се грижите дека некој ќе ви се потсмева или ќе ве набеди за „метросексуалност“.

Како да го направите тоа? Еве неколку корисни совети од модниот уредник на машкиот сајт Men’s Health, Дан Мичел.

Најдобро е да се погрижите за вашите нокти по туш. Тогаш тие се омекнати од водата и поголемиот дел од валканиците се исчистени, давајќи ви подобар поглед на статусот на плочката.

1. Земете нокторезачка и намалете ја должината на ноктите, внимавајќи да не ги исечете премногу длабоко. Оставете ги краевите поостри, затоа што во спротивно постои шанса да се заглават во телото при раст.

2. Земете турпија и поминете го работ на отсечениот нокт неколку пати (без да претерувате).

3. Исчистете ја кожата околу кутикулите со алатка за сечење и вратете ги назад (кутикулите).

4. Намачкајте ги вашите прсти со хидратантен крем за раце кој ќе ги омекне сувите места и ќе ја  заштити кожата на рацете.

Дејвид Бекам обрнува внимание на секој дел од неговиот изглед; Фото: Reuters