Без разлика дали сакате да го прочистите вашето тело, да го наполните со енергија или даизгубите телесна тежина, ако сте започнале диета, тогаш можете “да и помогнете” малку, па таа да биде максимално ефикасна и да даде подобри резултати за пократко време.6a9366f31f0d6ec6b7054ba3be45fb42

Ви даваме неколку едноставни совети како тоа да го постигнете:

1. Избегнувајте да јадете спакувана храна

Многу жени кои се на диета си мислат дека можат да го залажат гладот со пакетче соленки или двопек, но нема спакувана храна која не содржи штетни конзерванси. А како сте на диета – барем гледајте го исчистите вашето тело од секакви слични состојки и особено од производи кои содржат сол.

2. Купувајте биолошки чиста храна кога е можно

Како ќе сте на диета, барем купувајте овошје и зеленчук од мали производители кои ги нудат на пазарите, а не од најголемите ланци на препродавачи, во кои тие се полни со пестициди. Во некои студии се тврди дека пестицидите придонесуваат за хормонални пореметувања и му штетат на метаболизмот.

3. Пијте обична вода

Заменете ги сите ваши безалкохолни пијалоци со обична вода додека сте на диета. Водата е подобра дури и од безкофеинското кафе, од чаеви и од лимонада, кои обично се засладени.

4. Хранете се главно дома

Јадењето по локали не е добра опција, кога сте на диета. Во производите по рестораните често има вишок на шеќер, заситени масти, скриени хемиски состојки, глутен и излишна сол. Кога си готвите храна дома, вие можете да си заштедите непотребни додатоци.

5. Гответе со едноставни состојки

Потпрете се на посно месо, зеленчук, незасладено млеко, јајца, цели зрна, мешунки и плодови. Исто така консумирајте повеќе ореви, семки и додавајте повеќе билки и зачини, наместо сол.

6. Внимавајте на етикетите на храната

Ако нешто ви  буди сомнеж кога сте на пат да купите здрава храна, тогаш само прочитајте го списокот со состојки на секој производ.

Слични содржини