Сакате да го подобрите вашиот сексуален живот? Тогаш за време на предиграта со вашиот партнер изедете чинија овошна салата! Многу витамини кои се наоѓаат во овошјето делуваат на либидото и го подобруваат сексот. Секако дека уште многу други фактори влијаат врз сексуалниот живот, но кога станува за овошјето – тоа навистина може да помогне! Погледнете кои овошки можат да се користат како афродизијак.
1. Јагоди
Јагодите содржат состојки кои влијаат на страста во креветот. Причината за тоа се огромните количини на витаминот Ц и цинкот со кои се зајакнува либидото. Освен што јагодите се добри за љубовниот живот тие исто така штитат и од спонтан абортус.
2. Цитрусни плодови
Консумирањето портокал, лимон или грејпфрут носи најголеми придобивки за мажите. Цитрусните плодови се богати со витамин Ц и го подобруваат квалитетот на спермата.
3. Смокви
Ова овошје е едно од најпознатите афродизијаци. Смоквите содржат работи кои се добри за здравјето на срцето, нè прават сити и не предизвикуваат подуеност. Освен тоа, содржат и фосфор.
4. Плод од шипинка
Шипинката е овошјето кое не ѝ било без причина омилено на божицата на љубовта – Афродита. Тоа е симбол на страста и плодноста. Поради тие причини се исплати да се јадат и вкусните семки од плодот. Плодот од шипинка содржи естрон (секс хормон – врзувачки глобулин) кој позитивно влијае врз либидото.
5. Банани
Покрај тоа што бананата потсетува на фалусен симбол, работите кои ги содржи во себе ова овошје позитивно делуваат врз сексуалните хормони кај мажите. Освен тоа, тие содржат и многу магнезиум кој ја стимулира простатата.