Тие имаат густ, интензивен вкус и сè почесто влегуваат во нашиот секојдневен живот, како здрава храна. Какао зрната се фантастичен дар од природата. И покрај горчливиот вкус се одлични за прием за време на диета, бидејќи го намалуваат гладот за слатко.
Исто така се богати со корисни масти, од кои нашите тела имаат потреба, ја подобруваат состојбата на кожата, косата и ноктите. Но, не само тоа. Еве уште 5 добри причини кои ќе ве натераат да ги засакате и консумирате почесто.
Дејствуваат како моќен афродизијак
Соединенијата откриени во какао зрна водат не само до зголемување на расположението, но и до лачењето на ендорфин. Ендорфинот се одделува за време на секс, делува како лек опијат и нè тера да се чувствуваме магично.
Ако партнерот не го сака вкусот на какао зрна, не заборавајте дека чоколадото е друга добра алтернатива, која може да стане дел од вашите интимни моменти.
Ги балансираат хормоните
Кај дамите доста често мора да бидат балансирани нивоата на некои хормони, особено пред и за време на месечниот циклус. Потрошувачката на зрна какао го стимулира лачењето на серотонин, што делува смирувачки и го подобрува расположението кај жените.
Се грижат за здравјето на срцето
Какао зрната се богати со флаваноли кои делуваат антиинфламаторно и го штитат срцето, со што го намалуваат ризикот од кардиоваскуларни болести, мозочен удар и помагаат за подобрување на циркулацијата.
Исто така какао зрната содржат над 700 соединенија и антиоксиданси кои помагаат за намалување на “лошиот холестерол” и спречуваат стврднување на артериите.
Го намалуваат предвременото стареење
Потрошувачката на какао зрна може да го спречи предвременото стареење. Антиоксидансите, откриени во нив припаѓаат на иста група антиоксиданси кои се содржат во зелениот чај и црвеното вино.
Овие антоцианини и катехини ги штитат клетките ни од предвремена оксидација или уништување, со што се намалува ризикот од предвремено стареење.
Ја зголемуваат енергијата
Ако ви недостасува енергија, се чувствувате уморни, веднаш каснете едно-две зрна какао. Тие изобилуваат со магнезиум, кој не е само важен за енергетските нивоа, но и го намалува ризикот од појава на остеопороза, дијабетес тип II и го намалува крвниот притисок.
Фото: istock