Веќе барем две сезони наоѓаме нешто заедничко помеѓу кадрите на ѕвездите – здолништа под коленото со метални бои и лесно е да се разбере зошто.
Овие компоненти од изгледот, кои често содржат и везови, се совршен начин да внесеме малку сјај во секојдневниот живот без да ризикуваме да ги изгубиме женствените форми.
Како што е случајот со повеќето трендови, прв Gucci нè запозна со новата љубов на сите дами, зависници од модата.
Ако сè уште се прашувате дали сте доволно храбри да го збогатите гардероберот со едно такво парче, еве ви неколку причини да го направите тоа сигурно.
1. Практични се
Една од најголемите предности на овој тип здолништа е дека спротивно на сите наши очекувања, одат на секакви комбинации. Се прашувате со што да комбинирате џемпер во беж? Нека биде златна или дури бронзена плесирана сукња.
2. Истакнува
Една од најголемите заблуди во врска здолништата со средна должина под колено е дека го деформираат телото. Всушност вистината е токму спротивното – истакнуваат и увезуваат силна доза женственост.
3. Спортски дух
Најважната предност на модата е дека сè е дозволено. Можете мирно да го комбинирате здолништето во метална нијанса со рамни чевли и обична маица. Во интерес на вистината, оваа комбинација ни е омилена поради својата погодност и стил.
4. Удобност
Понекогаш стануваме жртви на сопствената суета и често буквално страдаме. Неудобната, но убава облека нè тера да правиме компромиси кои здолништето во метални нијанси никогаш нема да ни ги причини. Удобно и лесно за облекување – тоа е секогаш добар избор.
5. Акцент
Ако сакате да изгледате толку добро што сите ќе се восхитени или едноставно барате начин да бидете забележани, тогаш храброто здолниште во златно, сребрено или бронза се најдобар избор за вас.
