5 работи што гинекологот би сакал да ви ги каже, но ги премолчува

од Vladimir Zorba

Гинекологот е меѓу задолжителните лекари во животот на една жена. По влегување во пубертет е пожелно најмалку еднаш годишно секоја жена да оди на преглед (во случај да има проблем или сака да се консултира за нешто, се разбира бројката на посети се зголемува).

Колку пати сепак и да го посетуваат “женскиот лекар” некои дами не можат да се ослободат од срамот да седнат голи на столот.

Еве што мислат гинеколозите за најголемите грижи на нивните пациенти. Дури и да не ви го кажат тоа директно, бидете убедени дека си го мислат:

1. “Не ни е гајле дали сте си правеле коламаска, фризура или сте се бричеле таму долу!”

 Денот пред датумот кај гинекологот знаеме дека треба да се погрижиме за изгледот на нашите интимни делови. Итно јавувате на козметичката или бегате до првиот магазин за коламаска / депилатор / брич. Вистината е дека овие специјалисти по цел ден се закопани во женското меѓуножје и тоа на дами од сите возрасти и со различни проблеми, па дури и не го забележуваат фактот дали имате влакна или не на тоа место.

2. “Не грижете се и на што мириса вагината!”

“Пациентките често се загрижени за она како им мириса вагината, но вистината е дека мене ме загрижува повеќе мирисот на нозете, кои при преглед се прилично блиску до мојот нос”, признава д-р Дрејон Бреза, сертифициран гинеколог и консултант за сексуално здравје кон Astroglide.

3. “Да, веројатно ќе прднете додека раѓате”

Меѓу другите големи грижи на жените е тоа дали ќе прднат, додека раѓаат. И повторно лекарите воопшто и не се вознемируваат од оваа веројатност.

“Речиси сите жени прдат или вршат голема нужда, нормално е поради напорот. Навикнати сме со тоа и знаеме како да се справиме со ситуацијата, па жените не треба да се загрижени “, коментира Лина Натан, вонреден професор по клиничко акушерство и гинекологија во UCLA.

4. Не пропуштајте термин, бидејќи циклусот ви дошол

Сте пресметале погрешно и се покажува дека циклусот ви доаѓа ден пред терминот кај гинекологот. Ако не треба да ви земаат некаков специфичен секрет или микробиолошки примерок, тоа не би требало да го спречи прегледот.

“Раѓањето, царскиот пресек и други процедури се исполнети со крв и течности, така што вашиот циклус не ни пречи”, вели за темата Мери Минкин, клинички професор по акушерство, гинекологија и репродуктивни науки на Универзитетот во Јеил.

5. “Ништо од сексуалниот живот не треба да е табу пред нас”

Споделувањето на сексуалните искуства – анален, вагинален или орален – пред гинекологот е важно, особено ако имате било какви грижи за болести, нечистотии и т.н. Пред него / неа нема потреба да лажете за бројката мажи со кои сте спиеле, како и за тоа дали сте користеле кондом или не. Колку поиксрени сте, толку посоодветна и точна дијагноза ќе добиете.

Слични содржини