5 совети од фитнес гуру: Како да успеете во салата

од Vladimir Zorba
69 прегледи

Колку пати сте започнувале некоја програма за вежбање и сте се откажувале? Често причината е дека не ги гледате посакуваните резултати и губите брзо мотивација. Вистината е дека секој тренинг во салата треба да е во согласност со индивидуалниот физикус и капацитет на човекот, како и со крајната негова цел.

Сепак има некои докажани сеопшти правила кои ќе ви помогнат да ја постигнете својата цел, тврди фитнес гуруто и блогер Валентин Босиок. Еве и кои се тие:

1. Шутнете ги празните муабети

Дефинитивно е попријатно во салата да ви е забавно и да си имате другарче за друштво. Разговорите сепак може да ве оддалечат од главната цел (вежбањето) и на крајот да не завршите ништо. Не заборавајте дека сте отишле да тренирате!

2. Намалете ги паузите помеѓу сериите

Направете го вежбањето поинтензивно. Не си дозволувајте одмор повеќе од 60-90 секунди помеѓу сериите, која е сосема доволна да го ресетирате дишењето и млечната киселина да се исчисти од мускулите. Ако продолжите до 2 минути и повеќе само го губите времето. Идеалната варијанта е да одмарате не повеќе од 30 секунди.

3. Кратките тренинзи се поефикасни

Хормонот за раст и тестостеронот ги зголемуваат нивоата максимално до 40 минути по почетокот на вежбањето и потоа почнуваат да опаѓаат. Ако вежбате повеќе од еден час хормоните кои ги градат мускулите престануваат да ги развиваат.

4. Направете суперсетови

Суперсетовите се вежби на спротивните мускулни групи, кои ги правите едни по други без одмор. На овој начин го стимулирате нивниот развој на максимум.

5. Фокус

Се фокусирате на сопствениот тренинг. Така не само  што ја намалувате шансата да се повредите, но и ќе се обучувате поефикасно, побрзо и повеќе концентрирано.