За повеќето од вас веројатно зборот тренинг предизвикува асоцијација со влажна маица од пот, досадно трчање на патеката или кревање тегови, команди на тренерот и облекувањето на миризливи патики кои сè се поканувате да ги исперете.
Ако идејата е дека ве чека еден извонредно непривлечен час, подобро воопшто не започнувајте со спортот. Не секој сака да оди на фитнес и аеробик. Не брзајте и очајувајте, бидејќи може да ја потрошите истата количина калории за нешто пријатно и корисно.
На пример:
Исчистете го домот
Домашна работа е подобра од онаа во салата. Наведнувањето, полирањето, распоредувањето го заменува одлично кардио тренингот, а поместувањето на мебелот во процесот ја заменува силата. Неосетно ќе изгорите стотици калории во рамките на час. Замислете колку уште ќе се стопат, ако чистите половина ден!
Прошетка во планината
Додека уживате во чистиот воздух и природата во пријатно друштво, вие им правите одлична услуга не само на белите дробови, туку и на мускулите.Нерамниот терен е одличен тест за вашата физичка форма и го напрегнува секое мускулче. Гледајте да има повеќе качување отколку слегување.
Капење на миленичето
Борбата да го фатите и задржите на едно место е голема – тоа значи и голем трошок на енергија. Потоа доаѓа триењето, сушењето и чистење на бањата, што е дополнителен тренинг.
Игра со децата
Веќе сте големи, но тоа не ве спречува да се фатите за топката и да поиграте со децата во паркот или сред природата. Ем поминувате време со најблиските, ем се враќате назад кон безгрижното детство, а и трошите калории неосетно.
Шопинг круг низ трговскиот центар
Сега веќе ве освоивме! Едвај има жена која не сака да пазарува, а бонус е дека додека го правите тоа, трошите многу калории. Во трговските центри, на пример, човек без да почувствува поминува часови, влегувајќи од продавница во продавница. Пробувањето на облека често ве тера да се испотите и пред да направите кисела фаца, не заборавајте дека потта е знак на физичка активност, одвојување на токсини и губење на калории (тежина).