Министерството за внатрешни работи информира дека од 20.00 часот (24.04.2021) до 05.00 часот (25.04.2021) констатирано е дека 50 лица не ја почитувале забраната за движење.
„Во текот на изминатото деноноќие на територијата на Република Северна Македонија, за мерката за носење лична заштита на лице, регистрирани се 678 прекршоци. МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата и сите заеднички да придонесеме за спречување на ширењето на Ковид-19“, стои во соопштението на полицијата.