50 милиони за освојувачот на СП 2022, пласман на Мундијалот носи 12 милиони

од Vladimir Zorba
286 прегледи

Наградниот фонд за следниот Мундијал во 2022 година треба да изнесува околу 700 милиони долари, што е за 22% повеќе од Светското првенство во Русија.

Износот утврден за осигурување на играчи и клупска компензација ќе се утврди подоцна.

Победникот на Светското првенство ќе заработи 50 милиони долари, додека, на пример, Французите собраа 38 милиони долари пред две години, а Германија по прославата во Бразил во 2014 година – 35 милиони, пренесува Хина.

На тој начин, секој учесник ќе има загарантирани 12 милиони долари. Пласманот во осминафиналето носи уште два, а четвртфиналето дополнителни шест милиони долари.

Влезот во полуфиналето вреди 25 милиони долари, третото место 30, финалето 40 и титулата шампион 50 милиони долари.

Слични содржини