Германија доаѓа во Скопје: Македонија ги доби противниците во квалификациите за пласман на СП 2022

од Vladimir Zorba

Македонската фудбалска репрезентација ги доби противниците во квалификациската група за пласман на Светското фудбалско првенство во Катар 2022.

Ќе играме во групата Ј против Германија, Романија, Исланд, Ерменија и против Лихтенштајн.

Само првопласираните од групите одат директно на Светското првенство. Второпласираните заедно со уште две селекции од Лигата на нации ќе играат баражи за пласман на уште три селекции на Мундијалот.

Европа таму ќе има вкупно 13 учесници.

Слични содржини