Ужас во битолско – татко се самозадоволувал пред својот син!

Се бара притвор за татко кој прикажувал порнографски содржини пред 10-годишниот син

од Nikola Popovski
16 прегледи Фото: Принтскрин/Јутјуб/Сител

Основното јавно обвинителство Битола донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека сторило продолжени кривични дела – Задоволување полови страсти пред друг од член 190 став 3 и Прикажување порнографски материјал на дете од член 193 став 1 од Кривичниот законик.

Осомничениот 54-годишник, подолг временски период, во текот на 2025 и 2026 година, во семејната викенд куќа во селото Облаково прикажувал порнографски содржини и се самозадоволувал пред неговиот 10-годишен син, при што го наведувал и детето да гледа и да се самозадоволува.

Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот суд во Битола достави предлог за определување мерка притвор за осомничениот.