Не луфтирај

од Vladimir Zorba
245 прегледи

пренесуваме дел од колумната на Горан Михајловски за СДК:

goran

Крстот во Општина Аеродром, кој беше изграден за да им конкурира на кулите „Џеваир“ со донации од македонски компании што го собра Тодор Петров, ќе добие нови светилки што ќе ги платиме сите ние. Општина Аеродром ќе инвестира 113 илјади евра за замена на обичните светилки на Тодор Петров со економични светилки на сите граѓани.

Во школите се греат на мазут. Саѓе паѓа врз главите на децата. А власта решила на крстот енергетска штедливост да промовира.

113.000 евра за светилки на крст е отприлика четвртина од тоа што американските даночни обврзници платиле за обнова на црквата Перивлепта во Охрид. Додека нашето најважно културно богатство го реставрираат странците, нашата власт ги рекетира бизнисмените да градат нови цркви. А потоа ги троши нашите пари за да нè импресионира со светилки како најголем технолошки напредок.

Курбиново пропаѓа. Ама затоа, пак, крстот ќе штеди.

Во една недела се случија два напади врз десетина веб портали во Македонија. Ова да се случи на денот на изборите, плус да исклучат струја уште во некоја телевизија, да ги расипат телефоните за пријавување неправилности кај Народниот правобранител и во ДИК, плус и лифтовите да не работат, и не мора ни да се знае кој победил на избори.

Целата колумна прочитајте ја на СДК на следниот линк.