Експерти во областа на здравјето демантираа неколку распространети митови за мамурливоста. По обилно пиење на алкохол луѓето обично бараат начини за спречување на несаканите последици и ублажување на симптомите на мамурлак. Често средствата кон кои прибегнуваат, се неефикасни.

Еве 6 популарни митот за мамурливоста во кои е крајно време да престанете да верувате:
1. За подобра чувтсво е препорачливо да се пие пиво следниот ден
Употребата на алкохол по поднапиена ноќ е непрепорачлива. Тоа нема да ја елиминира мамурливоста. Да се лекувате од алкохол со алкохол е бесмислено, вели Џорџ Кооб, директор на Националниот институт на САД за прашањата за злоупотреба на алкохол и алкохолизам. Дополнителната доза алкохол ќе нанесе уште штета на црниот дроб и мозокот. Покрај тоа помага за добивање на глабоволие до неколку часа.
2. Таблети / прашоци против мамурлук пред спиење
Злоупотребата на алкохол води до дехидратација на организмот и главоболка, интоксикација на црниот дроб и мозокот. Аспиринот и ибупрофенот се антиинфламаторни лекови и се борат со интоксикација. Сепак, тие не можат целосно да ги елиминираат симптомите на мамурлак. Лекарите категорично не препорачуваат да се зема парацетамол против мамурлук, бидејќи тој го оптоварува и без тоа изтормозениот црн дроб.
3. Лебот го намалува влијанието на алкохолот
Лебот не е сунѓер, вели Арон Мишелфелдер, професор по семејна медицина. Тој може да ја забави апсорпцијата на алкохолот во крвта, но не и да го намали влијанието . За да ја блокирате апсорпција на алкохолот, добро е во процесот на потрошувачка на алкохолни пијалоци да јадете мрсна храна.
4. Мамурлакот се лекува со спиење
Алкохолот се вади од телото на два начина – преку урината или преку дишењето. Затоа, ако сакате побрзо да се елиминира мамурливоста, не треба да спиете. Напротив – треба да се движите и активно да дишете. Пробајте да излезете на прошетка или да потрчате. Се разбира, за целта треба да имате сили. Не заборавајте да пиете многу вода.
5. Вреден појадок е најдобриот лек при мамурлак
Ако мамурлакот е придружен не само со главоболка, но и гадење, не вреди да се измачувате со мрсни колбаси, јајца, компири и други фаст фуд производи. Јадете производи кои лесно се апсорбираат. Тие ќе го зголемат нивото на шеќерот во крвта и ќе се ремонтира без проблем. Одличен избор се простите јаглехидрати – бел леб, колачи, слатки плодови, мед. Експертите истакнуваат дека во нормална состојба црниот дроб автоматски произведува повеќе гликоза во случајот на намалување на нивото на шеќерот во крвта. При алкохолно труење црниот дроб е зафатен со метаболизација на алкохолот, а не со регулирањето на нивото на шеќерот во крвта.
6. Чаша силно кафе ќе ја намали мамурливоста.
За жал, нема. Само ќе ја зголеми желбата за повраќање. Кофеинот помага да бидете концентрирани и буден. Тој, сепак, не го вади алкохолот од организмот, вели Арон Мишелфелдер.