60 најбогати Чеси држат 35,2 милијарди долари

од Vladimir Zorba
90 прегледи

Во топ 3 на богаташите е и министерот за финансии Андреј Бабиш

1475743258-1

Најбогатиот Чех е сопственикот на инвестициската група PPF Петр Келнер – неговиот капитал се проценува на 225 милијарди круни / околу 10,6 милијарди долари /, објави Прашкиот новински портал České noviny, цитиран од РИА Новости и БГНЕС.На второ место, како и претходно  е сопственикот на компанијата “Агроферт” и министер за финансии Андреј Бабиш со капитал од 70 милијарди круни / околу 2,9 милијарди долари “, се вели во написот.

Третото место на листата со најбогати чешки граѓани и го делат  носителот на инвестициската група CPI Радован Витек и сопственикот на компанијата за нафтени производи KKCG Карел Комарек. Нивното богатство се проценува на 49 милијарди круни или 2,04 милијарди долари.

Генералното состојба на 60-те најуспешни чешки бизнисмени е 846 милијарди круни / околу 35,2 милијарди долари /. Нивното богатство за една година е зголемена за околу 14% благодарение на подемот во чешката економија.