7 вида хормонална нерамнотежа

од Vladimir Zorba
1,8K прегледи

Секој хормон кој се лачи во човечкото тело, испраќа специјални инструкции за секој орган и е одговорен за расположението, нивото на енергија, тежината, телесната температура, варењето и друго.dce63e2896d36eca944e6ccf10dc04d0

Жлездите со внатрешна секреција , кои одговараат за отцепувањето на хормоните се тироидната жлезда, паратироидната, надбубрежните жлезди, панкреасот, репродуктивните жлезди (јајници и тестиси), хипофизата, епифизата. Како можеме да ги препознаеме најчестите хормонални нарушувања?

Нерамнотежа на кортизол
Надбубрежните жлезди во човечкото тело лачат неколку хормони. Едниот од нив е кортизолот. Често, кога овој хормон е во нерамнотежа се забележува адренален замор.

Адреналниот замор е дисфункција на “комуникацијата” на мозокот со  надбубрежната жлезда. Бидејќи состојбата е поврзана главно со стрес, треба да се фокусирате на минимизирање на хроничните стресни фактори.

Кои се најчестите болести или моментални болки?

  • Тешкотии при будењето
  • Глад за солена или слатка храна
  • Ниска сексуална привлечност
  • Замор во попладневните часови
  • Вртоглавица при брзо станување
  • попладневна главоболка
  • слаби нокти
  • Тешко симнување на вишокот килограми и други.

Нерамнотежа на тироидната жлезда
Секоја ќелија од нашето тело има потреба од хормоните на тироидната жлезда. Доволно е само еден хормон поврзан со неа да не биде нормален, за да почувствувате мачнина. Кои се најчестите знаци кои укажуваат дека треба да се следат вредностите на хормоните?

  • чест замор
  • Чувство на студ во рацете и нозете
  • Потреба од долги часови спиење
  • Зголемување на телесната тежина, дури и при прием на нискокалорична храна
  • Депресија или недостаток на мотивација
  • утринска главоболка
  • Истенчување на косата или косопад
  • Сува кожа и други.

Нерамнотежа на естроген
Соодносот на трите форми на естроген – естрон (Е1), естрадиол (Е2), естриол (E3) – е важен како за жените, така и за мажите. Некои истражувања поврзани со дисбалансот во естрогенот, покажуваат дека оваа нерамнотежа може да биде ризичен фактор за пациенти со срцеви проблеми, како и да придонесе за развојот на некои видови на рак.b4cd700c0fdd7c6f66480580f3841917

Кога во телото не се лачи доволно естроген е можно да се појавуваат болести или моментални болки како што се:

  • вагинална сувост
  • ноќно потење
  • Болен сексуален контакт
  • мозочна магла
  • Повторувачки инфекции на мочниот меур
  • депресија
  • Топли бранови и други.

Што се случува кога нивоата на естроген во телото ви се покачени?

  • Чувство за подочници
  • Зголемување на телесната тежина
  • Чувствителност на градите
  • Промени во расположението
  • Тешка менструално крварење
  • Чувство на вознемиреност
  • Мигренозни главоболки
  • несоница
  • Проблеми со жолчката

Нерамнотежа на прогестерон
Овој хормон е важен и за двата пола. Прогестеронот помага да се балансираат и неутрализираат ефектите на вишокот на естроген. Кога има нерамнотежа на прогестерон, често се забележува зголемено нивото на естроген.
Кои се најчестите болести или моментални болки, кои укажуваат за овој проблем?

  • несоница
  • Нездрав изглед на кожата
  • болни гради
  • Зголемување на телесната тежина
  • главоболка
  • Немирот
  • Неплодност и други.

Нерамнотежа на тестостерон
Според некои студии ниските нивоа на тестостерон кај жените се поврзани со нискиот сексуалнен нагон, кардиоваскуларни болести и рак на дојка. Кај мажите се смета дека кога хормонот не е во нормала, може да доведе до прерана смрт.
Што се случува во женското тело, кога тестостеронот е зголемен?

  • Се појавуваат акни
  • Синдром на поликистозни јајници
  • прекумерна влакнавост
  • хипогликемија
  • Истенчување на косата
  • неплодност

Кога во женското тело има ниски нивоа на тестостерон:

  • Телесната тежина се покачува
  • Се појавува замор
  • Ниска сексуална привлечностb50d766c98bf2c54c9098cce94262b3d

Кај мажите дисбаланс на хормоните може да доведе до:

  • еректилна дисфункција
  • Ниска сексуална привлечност
  • Зголемување на телесната тежина
  • раздразливост
  • Зголемување на градите

Нерамнотежа на лептин
Еден клучен хормон кој игра улога во тоа како човечкото тело ја троши енергијата. Лептинот покажува влијание и врз апетитот и метаболизмот. Тој се произведува од масните клетки и помага за регулирање на желбата за храна, а и зголемување на телесната температура, што ги тера телото да троши повеќе енергија.
Неговата нерамнотежа се забележува кога тој не е препознаен од организмот. Тогаш телото претпоставува дека сте во режим на гладување и тоа е причина да се складираат повеќе вишоци масти. Кои се најчестите болести или моментални болки кои укажуваат на дисбалансот?

  • прекумерна тежина
  • постојан глад
  • Постојан стрес и други.

Нерамнотежа на инсулин
Исто како отпорноста на лептин, инсулинската резистенција не е хормонален дефицит, туку модел на хормонска отпор. Една од функциите на инсулинот е да ги тера масните и мускулни клетки да ја користат глукозата во крвта.

Овие клетки имаат рецептори кои се чувствителни на хормонот. Кога оваа чувствителноста ќе се загуби, се забележува инсулинска резистенција.
Што може да се јави при состојбата?

  • Апетит кон слатка храна
  • Зависност кон кафе
  • Вртоглавица при пропуштање на исхрана
  • нервоза
  • лоша меморија
  • заматен вид
  • Замор после јадење
  • често мокрење
  • Тешко слабеење и други.

Слики: istock