Во Хонг Конг продадено паркинг место за 760.000 долари

од Vladimir Zorba
376 прегледи

Брачна двојка од Хонг Конг успеа да продаде паркинг место за 760.000 долари. Во 2.017 година луѓето го купиле тоа место за 430.000 долари и за помалку од девет месеци го препродале за 760.000 долари.

Паркинг местото од 12,5 метри квадратни се наоѓа во луксузниот комплекс Ултим, во квартот Коулун во Хонг Конг, каде што цената е речиси трипати поголема од останатите делови на градот.

Хонг Конг е познат по тоа што е едно од најскапите места за живот во светот./МИА

Фотографија: Бизнис инсајдер