Секој дел од женското тело е во состојба да преткаже кога нешто не е во ред во организмот. Еден од нив се градите. Болките и нерасположенијата кога не сте во месечен циклус или овулација го бараат зголеменото внимание. Еве уште неколку случаи во кои градите ви сигнализираат за евентуален здравствен проблем.
Промена на бојата на кожата
Промената во бојата на кожата на градите често се забележува кај напреднат стадиум на рак на дојка. Но промената на бојата на брадавиците е нормална со староста, како и за време на бременоста.
Зголемување на големината
Ако градите ви ја зголемија големината, тоа најверојатно се должи на зголемување на телесната тежина, бидејќи градите се составени главно од масните клетки, во прилог на жлездесто ткиво; бременост, прием на апчиња за контрацепција и / или хормонални промени поврзани со менструалниот циклус.
Смалување на големината на градите
Во некои случаи може да воочите дека градите ја сманиле својата големина. Кога сте изгубиле дел од вашата телесна тежина, но исто така и при пад на нивото на хормонот естроген. Во случај да намалувањето на градите ви е придружено со губење на косата, појавата на акни, влакнавост на лицето, многу е можно тоа да сугерира за синдром на поликистозни јајници.
Асиметрични гради
Кај повеќето жени двете гради не се сосема исти и тоа е сосема нормално. Од друга страна, ако неодамна сте забележале дека оваа асиметрија е драстична, важно е да се консултирате со специјалист, бидејќи тоа може да биде знак на рак на дојка.
Иритирана кожа под градите
Секогаш проверувајтекожата во областа под градите. Ако забележите црвенило, иритација, тоа може да е знак за алергиска реакција од детергент, со кој сте ја испрале долната облека, несоодветен сапун или гел за туширање, иритирање на кожата или габична реакција како последица од потење во овие области.
Појава на стрии
Појавата на стрии најчесто се должи на промена во телесната тежина.
Ненадејна појава на влакна во областа на градите и брадавиците
Брадавиците обично се покриени со фини светли влакненца. Но, ако забележите појава на густи црни влакна во овие области или деколтето, ова може да сугерира за поликистозен оваријален синдром. При оваа состојба јајниците или надбубрежните жлезди произведуваат повеќе тестостерон. Ова може да доведе до појава на оваријални цисти и други симптоми, како што се акни или нередовна менструација.
Истекување на секрет од брадавиците
Одливот на секрет од брадавиците понекогаш се забележува по сексуална стимулација и секогаш е знак за присуството на рак на дојка. Понекогаш оваа состојба се должи на зголемени нивоа на пролактин како резултат на прием на лекови, хипофункция на тироидната жлезда, бенигни израстоци на хипофизата, прием на контрацепција, бременост, болести на бубрезите и други.