МИНИМАЛНИ ТЕМПЕРАТУРИ
-8 Скопје Петровец, Берово, -6 Д. Капија, Куманово, Штип, Тетово, -5 Дебар, Струмица, Прилеп, Кр. Паланка, Битола, Скопје-З.Рид, -4 Виница, -3 Лазарополе, -2 Претор, Охрид, Гевгелија, Маврово, Пожаране, Тополчани, -1 Ѓуриште, 0 Крушево.
МОМЕНТАЛНА СОСТОЈБА
Ведро, претежно тивко и студено. По одделни котлини има слаба магла.
ВРЕМЕТО ДЕНЕС
Сончево, кон крајот на денот со мала до умерена облачност. Претпладне по некои котлините ќе има слаба магла. Максималната температура ќе биде во интервал од 7 до 14 степени.
Во Скопје, сончево со слаба магла претпладне. Максималната температура ќе достигне до 8 степени.
ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ
Во наредните денови ќе преовладува сончево време со ниски утрински температури. Во утринските часови по котлините ќе има услови за појава на слаба магла. До недела дневната температура ќе биде во постепен пораст. Во понеделник попладне, а особенп во вторник ќе дува засилен северен ветер, кој ќе предизвика значително опаѓање на дневната температура