84 годишен битолчанец со мопед удрил во паркиран автомобил, заврши во болница

од Берта Китинска

На 24.05.2022 во 10.42 часот во СВР Битола било пријавено дека на ул.„Билбил Камен“ во Битола, З.К.(84) од Битола, управувајќи мопед со битолски регистарски ознаки, изгубил контрола и удрил во паркирано патничко моторно возило „мерцедес“ со битолски регистарски ознаки, сопственост на С.Ц.(60) од Битола, информира МВР.

Во незгодата, З.К. се здобил со тешки телесни повреди констатирани во Клиничка болница Битола.

Увид извршила екипа на СВР Битола.

Слични содржини