98 лица не го почитувале полицискиот час, најголем дел се на возраст од 18 до 67 години

од Берта Китинска
237 прегледи

Министерот за внатрешни работи Наќе Чулев информира за статистиката по однос на прекршувањата на полицискиот час во изминатото деноноќие.

Полициски час

На ниво на целата држава 98 лица не ја почитувале забраната за движење, при што се приведени 67 лица, а за останатите се земени податоци и ќе следуваат соодветни мерки. Најголемиот дел од нив се на подрачјето на СВР Скопје и се лица на возраст од 18 до 67 години.

Од страна на Министерството за внатрешни работи до Основното јавно обвинителство поднесени се вкупно 110 кривични пријави за вкупно 132 сторители.

Според статистичките податоци издадени се вкупо 109 решенија за изолација, 140 лица потпишале изјави за самоизолација.

Од страна на полициски службеници извршени се контроли кај лица во изолација и самоизолација и не се евидентирани лица кои не ја почитувале мерката.

Слични содржини