Нови жаришта во Кина и Јужна Кореја се причина за загриженост?

од Nikola Popovski
190 прегледи

Новите жаришта на коронавирус во Кина и Јужна Кореја се загрижувачки заради очигледната способност на вирусот да продолжи да се шири незабележано.

Иако тој број е далеку помал од оние што се пријавуваат секојдневно низ Западна Европа и САД, враќањето на вирусот, особено во град со толку интензивно набљудување и ограничувања како Вухан, ја доведува во прашање одржливоста на повторно отворање на градовите, пишува Си-Ен-Ен.

Кина и Јужна Кореја ја спречија епидемијата на коронавирус благодарение на мерките за социјално оддалечување и внимателното надгледување, но исто како што животот постепено почна да се враќа во нормала во тие земји, се појавија нови жаришта на инфекција.

Претседателот на Јужна Кореја, Нун Џае-ин, предупреди за втор бран на епидемијата, по порастот на нови случаи, поврзани со ноќните клубови во Сеул, кои ги посетувал маж во доцните 20-ти години, кој се покажал како позитивен на вирусот.

Воведени се нови ограничувања во Кина и откако се појавија нови случаи на коронавирус во два града.

Градот Шулан во северо-источната провинција Јилин воведе мерки за затворање, откако беа потврдени 11 заразени лица.

Јилин се граничи со Русија и Северна Кореја, поради што покраината претходно се грижеше за увезените случаи.

Уште позагрижувачки е фактот дека во Вухан се појавија нови случаи, од кои започна епидемијата и која на крајот на минатиот месец започна да се враќа во релативно нормален живот по 76 дена изолација.

Градските власти денеска пријавија пет нови случаи, сите пријавени преку локално пренесување.

Може да испадне дека новите случаи се само капка во океанот и ќе бидат потиснати, но фактот што двете држави што се чинеше дека ја одржуваат епидемијата под контрола, известуваат за нови локални преноси, мора да биде причина за загриженост, според Си-Ен-Ен.