Шведска призна: Не успеавме доволно да ги заштитиме старите лица по домовите

од Nikola Popovski
170 прегледи

Мајката на Бјорн Брангард починала во Домот за стари лица во Стокхолм, каде што третина од пациентките подлегнале на коронавирусот.

„Тие немаа време да се грижат за неа“, изјави Брангард за АФП.

Резултатот од нејзиниот тест за коронавирус пристигнал два дена откако таа почина и беше негативна.

Брангард, сепак, тврди дека таа починала поради несоодветна заштита и вели дека вработените во домот немале заштитна опрема и го ширеле вирусот таму.

Шведска, чиј популарен пристап кон пандемијата го привлече меѓународното внимание, признава дека не ги заштитила соодветно постарите лица, бидејќи скоро сите смртни случаи поврзани со Ковид-19 во земјата биле во старечки домови.

Во шведските медиуми има бројни написи за вработените во старечки дом кои продолжуваат да работат и покрај недостаток на заштитна опрема.

Доаѓале на работа со симптоми

Сепак, некои одбиле да работат, што довело до недостиг на персонал во домовите.

Други признале дека одат на работа и покрај симптомите на коронавирус, додека некои постари лица наводно биле заразени додека ги посетувале болниците поради други проблеми, по што биле вратени во домовите, не знаејќи дека го ширеле вирусот.

Во Шведска, земја со 10,2 милиони луѓе, повеќе од 26.000 луѓе се заразени, а повеќе од 3.200 починале.

По избувнувањето на епидемијата, надлежните соопштија дека приоритет е заштитата на оние постари од 70 години.

Сепак, повеќе од 90 проценти од смртните случаи се стари над 70 години.

Половина од нив биле жители на домови за стари лица и немоќни, додека четвртина од починатите добиле здравствена заштита во нивниот дом, покажуваат податоците на шведскиот Национален одбор за здравство и социјална помош.

Без соодветна заштитна опрема

Бјорн Брангард потврди за АФП дека вработените во домот во кој престојувала неговата мајка немале соодветна заштитна опрема.

„Немаше никаква заштита. Персоналот одеше од оддел во оддел и го шири вирусот“, рече тој.

Во поголемата област на Стокхолм, епицентарот на инфекцијата во Шведска, повеќе од половината од старечките домови потврдија случаи на инфекција со коронавирус.

Комунал, најголемата унија на јавни услуги во Шведска, чии членови се многу работници во домови за стари лица и немоќни, го обвинија несигурниот работен однос за ситуацијата во шведските старечки домови.

„Комунал“ наведува дека во март 40 проценти од вработените во домовите во Стокхолм биле неквалификувани работници на краткорочни договори, платени по час и без сигурност на работното место, додека други 23 проценти биле таму на привремена работа.

Овие се луѓе кои не можат да си дозволат да не одат на работа дури и ако се болни.

Обвинителството започна истрага

„Има многу луѓе кои работат во повеќе домови, што исто така придонесува за побрзо ширење“, рече Улф Бјерегард од „Комунал“.

Кон крајот на април, „Комунал“ поднело тужба до Шведската регулаторна управа за работни услови, во која се наведува дека досега 27 од 96 жители на домот каде што мајката на Брангард престојувал, починале од коронавирус, а персоналот сè уште не добил заштитна опрема ниту понудено тестирање за коронавирус.

Сепак, шведскиот институт за јавно здравје тврди дека се прикажани резултати од подобрување на хигиенските услови во домовите.

„Стокхолм, всушност, бележи јасен пад на случаите [во старечките домови], што е позитивно“, рече шведскиот главен епидемиолог, Андерс Тегнел кон крајот на минатата недела.