Патувањата ќе бидат поскапи: Колкави се цените на тестовите за коронавирус во земјите каде што патуваме најчесто?

од Nikola Popovski
202 прегледи

Некои земји во кои најчесто патуваат нашите државјани ги имаат утврдено цените за тестот за коронавирус, така што тие би можле да влезат во нив и без 14-дневниот карантин.

Годинешното патување, ако некој воопшто одлучи за тоа, ќе изгледа необично, но и скапо. Патничкото осигурување нема да го покрие третманот на оние кои ќе се заразат со вирусот во друга земја, па дури и ако има такви полиси, ќе биде многу скапо. Некои од земјите, веќе ја одредија цена за тестовите за коронавирусот.

Србија – 50 евра

За влез во Србија ќе биде неопходен негативен тест за коронавирус, не постар од три дена.

Граѓаните кои ќе патуваат во странство во земји кои инсистираат на здравствен пасош, ќе можат да се тестираат за коронавирус во Србија, кој ќе чини околу 6.000 динари, или 50 евра.

Во Србија, поради патувањето, граѓаните ќе можат да направат тест на нивно барање, а тоа ќе се направи во лабораторијата во Клиничкиот центар на Србија.

Босна и Херцеговина – 100 евра

Според податоците на тамошните медиуми, за тестот потребно ќе биде граѓаните да се обратат на Институтот за јавното дравје. Само тестирањето чини околу 100 евра. Граѓаните се огорчени поради тоа и тврдат дека нејасно им како воопшто се стигнало до таа цена.

Словенија – 20 евра

Сè уште не е одредена точната цена на тестовите за коронавирусот, но се прават проценки тестот да не чини повеќе од 20 евра.

Хрватска – 200 евра

Тамошните медиуми пишуваат дека тестот за коронавирус во Заводот за јавното здравје ќе чини 200 евра, но министерот за здравје претходно зборуваше дека таквиот тест чини околу 100 евра.

Црна Гора – „минимална“

Црногорските власти најавуваат дека оваа земја наскоро ќе биде целосно опоравена од коронавирус.

Како што додаваат, тие ќе сторат сé за да ги намалат ефектите од кризата и се проценува дека цената на тестот ќе биде минимална.

Австрија – 190 евра

Засега е познато дека аеродромот во Виена ќе понуди тестирање за вирусот, со цел патниците да избегнат 14-дневен карантин, по цена од 190 евра.

Германија – 200 евра

Според Институтот „Роберт Кох“, пациентите со симптоми на грип, исто така, по случаен избор се тестираат за новиот коронавирус. Трошоците (приближно 200 евра) се на товар на здравственото осигурување во Германија, но само доколку тестот го препорачал лекар. За другите, цената е редовна.

Грција – од 120 евра

Планот на грчките власти е патниците да го направат тестирањето во земјата од каде што доаѓаат, а потоа да одат во Грција без никакви грижи.

Претходно, кога пандемијата беше во својот пик, се најавуваше дека доброволниот тест ќе чини од 120 до дури 300 евра.

Сепак, грчкиот министер за туризам, Харис Теохарис рече дека цената може да се спушти до 10 евра по лице подоцна во текот на летото.