Откако германската канцеларка Ангела Меркел и премиерите на сите 16 германски сојузни држави се согласиле да ги олеснат ограничувањата во движењето на граѓаните и да ги утврдат критериумите што мора да бидат исполнети за да се спроведат овие олеснувања, пристигнаа информации за нови жаришта во Германија.
На големата кланица „Вестфлиш“ во близина Минстер, во сојузната покраина Северна Рајна-Вестфалија, регистрирани се 73 инфекции на коронавирус, јавува Дојче веле. Во меѓувреме, тој број се зголеми на дури 191 заразен, а сигурно е дека ќе биде уште поголем.
Во моментов има околу 172.000 заразени во Германија, а бројот на починати од коронавирусот е околу 7.600.
И во друга голема кланица во Бад Бремстд, во северна Германија, исто така, се пријавени 119 лица заразени – а масовното тестирање е во тек. И во април, голем број заразени лица биле регистрирани во кланица на југот на земјата. Причината поради која германските кланици и фабриките за преработка на месо се докажани како расадници за коронавируси не лежи во недостатокот на хигиена за работа во нив, туку пред сè поради условите во кои живеат таму вработените работници, забележува ДВ.
Во германските кланици се вработени претежно странски работници – претежно од Романија. Тие живеат и работат како во повеќето стереотипни „гастебајерски“ филмови: напорно работат, платите им се ниски за германски услови, а тие се сместени во некогашни касарни кои имаат 12 кревети во една просторија. Во вакви места Ковид-19 се шири брзо.
Најчесто, забележува ДВ, тие доаѓаат од Романија, кои заедно со Бугарија се најсиромашните земји во Европската унија. Иако е нелегално, голем дел од работниците тврдат дека нивните смени се до 12 часа на ден. Нивната месечна плата е само околу 1.500 евра бруто, од кои потоа се одземаат даноците и таксите за осигурување. Од она што ќе им остане, тие треба да плататза сместување и храна.
Повеќе од 100.000 луѓе работат во индустријата во Германија – третина од нив потекнуваат од Источна Европа. Бидејќи тие најчесто се во групно сместување, одржувањето на социјална дистанца, како што се бара во моментот на епидемијата на коронавирус, е всушност невозможно. Едно заразено лице е доволно за вирусот да се шири со голема стапка во еден од овие домови.