Припадниците на црногорската полиција се пред парохискиот дом во Никшиќ со цел да го уапсат епископот будванско-никшички, Јоаникиј и свештениците на Српската православна црква.

Владиката Јоаникиј им се обрати на насобраните со цел да ги намали тензиите. Тој рече дека ќе оди во полиција за да даде изјава.
– Ние нема да се расправаме со полицијата – рече тој на патот, повикувајќи ги граѓаните да не ги нападнат припадниците на полицијата кои ја вршат својата работа.