Од политичката партија СДСМ сметаат дека не треба да има митинзи за време на кампањата и најавуваат дека собири од таков тип нема да организираат.

-Во делот на водење кампања и претставување на кандидатите и програмата, најголем фокус ќе се стави на медиумското претставување, онлајн видео настани и друг тип на дигитална комуникација. СДСМ смета дека единствено може да се разгледа можноста за организирање мали средби под строго утврдени услови, исклучиво според протоколите донесени од здравствените институции за заштита на граѓаните, велат од СДСМ.