На денешната прес-конференција премиерот Оливер Спасовски го презентираше третиот пакет економски мерки кој ќе овозможи заживување на македонската економија преку директна поддршка на граѓаните и на стопанството.
Ова се мерки за нова, развојна македонска економија, преку кои ќе ја зголемиме потрошувачката и ќе стимулираме заштита, промоција и раст на домашната економска понуда. Со новата развојна економија ќе ја зголемиме и нашата конкуретност, и во регионот и пошироко.Ефектите од овој нов пакет економски мерки се на сите нивоa, ќе ги осетат сите граѓани и многу ресори во економијата. Ние сме социјална држава и солидарно општество и затоа во мерките може да се пронајде секој – зашто секој треба и секој ќе добие поддршка, најави Спасовски.
ПЛАТЕЖНИ КАРТИЧКИ ЗА ГРАЃАНИТЕ – ЗА ПОГОЛЕМА ПОТРОШУВАЧКА И ЗА РАЗВОЈ НА ДОМАШНИТЕ ЕКОНОМСКИ ДЕЈНОСТИ
а) Платежна картичка за граѓаните – по 150 евра за македонски производи и услугиОваа мерка е достапна за сите невработени лица, баратели на работа кои немаат над 15.000 месечни приходи според Управата за јавни приходи, како и примателите на гарантирана минимална помош. Со оваа мерка се зајакнува домашната потрошувачка со фокус на домашни производи и услуги, се зголемуваат безготовинските плаќања и со тоа се намалува сивата економија.
Но, пред сѐ, се зголемува куповната моќ на граѓаните и со тоа се олеснува животот во услови на криза.
Со оваа мерка се опфтeни околу 100 илјади граѓани, а платежна картичка може да се користи само за домашни компании, производи и услуги и во определен период од 30 дена. Вредноста на оваа мерка е 16 милиони евра.
б) Ваучер за домашен туризам од 100 евра и домашна платежна картичка од 50 евра.Граѓаните ќе можат да се одморат и да летуваат дома, а со тоа ќе го зајакнеме домашниот туризам. Со оваа мерка се опфатени сите вработени граѓани што примаат плата помала од 15.000 нето месечно и немаат други приходи во 2018 година, според УЈП.
Оваа мерка опфаќа околку 100 илјади граѓани, а вредноста е 16 милиони евра.
Ваучерот може да се користи во домашните хотели и други сместувачки капацитети, додека со платежната картица поттикнуваме купување на домашни производи и услуги.
в) Парична поддршка за студентите и средношколците од 100 евра и платежна домашна картичка од 50 евра
Силна поддршка за младите, за да продолжи образовниот процес непречено и за да се обезбеди куповната моќ, како придонес кон студентскиот и средношколскиот стандард.Со оваа мерка се таргетираат 100 илјади корисници, нашите млади сограѓани, а вредноста на мерката е 9 милиони евра.
Мерката опфаќа ваучери од најмногу 100 евра за покривање на партиципација во Универзитет, како и сместување во студентски, ученички домови и регистрирани сместувачки капацитети за студенти и средношколци. Мерката вклучува и платежна картичка за студенти и средношколци, во вредност од 50 евра за домашни производи и услуги.
г) Ваучери за кофинансирање на обуки, тренизни и курсеви за ИТ и дигитални вештини.Преку покривање на трошоците за тренинзи и обуки, ги подржуваме младите да стекнат знаења и ИТ вештини кои ќе им овозможат брзо вработување во новата развојна економија.
Оваа мерка ќе опфати од 7.000 – 10.000 млади до 29 години, во вредност од 3 милиони евра.
д) Викенд без ДДВ за сите граѓани.Преку поевтини цени за граѓаните, поттикнуваме потрошувачка и раст на приходи во одредени продажни сектори, како што се продавниците за гардероба, бела техника, мебел, санитарија, школски прибор и книги.Oчекуваме дополнителен приход од 20 милиони евра кои ќе се слеат во македонското стопанство.
Ѓ) Паричен надоместок за сите лица кои останале без работа од 11 март до 30 април 2020.Со оваа мерка им даваме можност за паричен надоместок, на сите лица кои ја изгубиле својата работа вклучувајќи ги и оние кои го прекинале својот работен однос преку писмена изјава, спогодбено, но и добиле отказ од работодавачот.
Оваа мерка ги опфаќа лицата кои останале без работа во периодот од 11 март до 30 април кои имаат престанок на работа по сонов на невработеност за давање на писмена изјава за престанок на работниот однос, спогодбен престанок на работниот однос и за престанок на работниот однос со отказ од страна на работодавачот.