Родителите согласни: Само со јак имунитет може да се избориме против корона, не со вакцина

од Берта Китинска
462 прегледи

Додека научниците и фармацевтските компании се во потрага по вакцина за коронавирусот, ги прашавме македонските граѓани: Дали би ги вакцинирале децата против коронавирусот?

Голем дел од родителите кои беа дел од анкетата изјавија дека ќе чекаат да видат, какви ќе бидат препораките,па врз основа  на нив  ќе ја донесат својат одлука за тоа дали да ги вакцинираат своите деца.

-Јас не би ги вакцинирала децата, бидејќи науката вели дека вирусот мутира и нема сигурност дека дека со вакцината произведена за еден тип на вирус како на пример коронвирусот тип А, ќе се створи имунитет за коронавирусот тип Б. Не сум тип на родител за присилна вакцинација туку за слободен избор. Иако досега моите две деца ги имаа примено сите вакцини. Се надевам дека вирусот постепено ќе ја намали својата  вирулетност и нема да предизвикува тешки клинички слики, па тогаш не би имало потреба од вакцина туку од добар личен имунитет на кој треба сите да работиме. Во едно сме согласни и ние што ги вакцинираме и оние кои не ги вакцинираат децата „со Господ напред“, вели Сашка Маневска мајка на две деца.

-Не би си го вакцинирала детето па посебно за тоа што се работи за нов тип на вирус и нова недокажана вакцина и сметам дека доколку се  пристапи кон масовна вакцинација тоа ќе биде масовно тестирање на човечкиот род. Особено ми смета што и Светската здравствена организација немаат став единствен околу вакцинацијата, а со тоа и не влева доверба кај луѓето. Вакцините за сезонски грип се покажаа ефикасна за постарите лица па така доколку се измисли ефикасна вакцина таа треба да биде намената токму за нив и генерално луѓето кои имаат нарушен имунолошки систем, објаснува Елизабета  Арсовска.

-Генерално ја сум против вакцините, моите две деца досега немаат примено ниту една вакцина, само една за која бев приморана. Доколку детето е здраво може со било која болест само да се избори. Според мене вакцината дополнително го намалува имунитетот на детето и има огромни последици врз него. Само со јак имунитет може да се избориме не со вакцина кој уште повеќе ќе ни го намали имунитетот, изјави Елена Велкова.

-Немам размислувано искрено досега дали би ги вакцинирала децта, како ќе биде и дали ќе се најде лек ќе видиме. Немам посебна причина заошто не би се вакцинирала, само сега за сега ми е несигурна, вели Анита Ѓоргиевска.

-Сметам дека со вакцината би се заштитиле повозрасните. А, за децата сметам дека потребно е сами да се изборат односно  да створат имунитет, вели Горан Михајловски татко на две деца.

Македонскиот професор и научник, Панче Наумов заедно со својот тим веќе работи на развивање на вакцина против корона вирусот во Обединетите Арапски Емирати. Тој е дел од истражувањата се насочени кон изнаоѓање на методи за термичка стабилизација на идната вакцина за Ковид-19.

– Многу вакцини, без разлика дали се на база на неактивни вируси или нивни протеински компоненти, или пак се хемиски соединенија, се термички лабилни и мора да се чуваат на ладно од синтезата, до местото на употреба. Таков е случајот со вакцините за полио, тифус, маларија, а меѓу другите и неколку од кандидатите кои моментално се тестираат за превенција или третман на КОВИД-19. Ваквите вируси, во активна или неактивна форма би можеле да се користат како вакцина која ќе биде термички стабилна и нема да има потреба од разладување коешто често придонесува вакцините да се расипат и да станат неупотребливи,особено на лето или пак при траснпорт во оддалечени рурални средини, изјави неодамна Наумов.

Проект Доверба во вакцината

Но, некои светски виролози велат дека потрагата по вакцина е толку широко поддржана што отпорот нема да успее.

Проектот Доверба во вакцината во моментов спроведува 18-месечно истражување во кое ги следи онлајн дијалозите за коронавирусот и спроведува глобални анкети за да го измери односот кон социјалното дистанцирање, изолацијата, миењето раце и очекуваната вакцина. Од анализата на преку 3 милиони постови дневно меѓу јануари и средината на март, директорката на проектот Хајди Ларсон вели дека забележале голема надеж за третман.

„Луѓето се гладни за вакцина“, вели таа.Во Италија, која беше тешко погодена од коронавирусот, анти-ваксерското движење речиси исчезна во дискусиите, вели вирологот Роберто Буриони.За да биде ефективна вакцината против коронавирусот, ќе биде потребна широка примена и годишно вакцинирање, вели Џорџ Касианос, водечки имунолог на Кралскиот Колеџ во Лондон.Но тука е и прашањето како вакцината доволно брзо да се дистрибуира до луѓето.

Според резултатите на интернет-истражувањата на француски научници, во кои се анкетирани родители во 5 европски земји, во Германија имаат релативно висок удел оние кои одбиваат вакцинација и кои сакаат во целост да одбијат вакцинирање на нивните деца – речиси 3 насто. Според наводите на Сојузниот центар за здравствена едукација (БЗгА), групата скептици изнесува многу повеќе, околлу 20 отсто. Истражувањето кое го спроведува БЗгА секои 2 години покажува дека ставот кон невакцинирањето генерално станува сѐ попозитивен.За разлика од некои други земји во ЕУ, во Германија секогаш било приватна работа и прашање дали треба да прими препорачаната вакцинација.

Б.М

 

Слични содржини