Д-р Пановски: Тезата „еден будала може да расипе 1000 луѓе“ стана реалност

од Берта Китинска
273 прегледи

Сметам дека населението се умори од мерките и сега доаѓаме до ситуација, тезата „еден будала може да расипе 1000 луѓе“ да е вистина, изјави во гостувањето на „Утрински брифинг“ на „Слободна ТВ“, проф. д-р Никола Пановски.

Околу собирањата на литургии, погреби, џамии и цркви, Пановски вели дека овие институции и форми на собирања, веќе очигледно е дека за жал претставуваат втора власт во државава.

-Факт е дека огромен број на луѓе веруваат во оџите, поповите, свештениците дека вирусот во светите објекти не може да се прошири. И тука ништо не може да направиме, освен да советуваме. Ако 95% од вирусот се шири внатре во домовите, треба мерките да се менуваат. Треба да се мониторира како се вршат тие семејни контакти и каде се шири вирусот. Ако видиме дека во ниеден маркет и во ниеден парк, ниту еден кеј не се пренел вирусот, ајде да одиме таму каде што се пренесува. Тоа се места каде што луѓето пејат, викаат, седат подолго време. Маските се ОК, но кога ќе се соберат луѓето тоа не го почитуваат, вели д-р Пановски.

Слични содржини