417
Од вкупно новозаразените 40 лица со Ковид 19 во изминатото деноноќие, 26 се од Скопје, а 10 од Тетово. Само во последните пет дена, во овие два града се потврдени вкупно 96 случаи, 72 во Скопје и 24 во Тетово.
Од Министерството за здравсто информираат дека согласно податоците од ИЈЗ, од 26 новозаболени во Скопје, деветмина се од општина Аеродром, шест од Чаир, четворица од Сарај, по двајца во Центар и во Бутел по еден во Кисела Вода, Гази Баба и Петровец.
Надлежните велат дека кластерите на новозаболените во Скопје се лоцирани и оти се од исти семејства. Се заразиле на семејни настани и собири.
Собирањето на луѓето во групи и непридржувањето до мерките, е причина за зголемувањето на бројката на заболени со Ковид-19 и во Тетово.