Момент на вистината за еврото: Европската централна банка се подготвува за најлошото – Живот без Бундесбанката

од Nikola Popovski
168 прегледи

Европската централна банка (ЕЦБ) прави резервен план за спроведување на мултимилионска програма за купување на обврзници без Бундесбанката, во случај ако германскиот Уставен суд ја принуди да се повлече, изјавиле четири извори за Ројтерс.

Во ова најтешко сценарио, ЕЦБ би покренала невидени правни постапки против Централната банка на Германија, нејзиниот најголем акционер, за да се врати во програмата, велат изворите кои посакале да останат анонимни.

Овие потези би претставувале момент на вистината за еврото и би ја ставиле на тест посветеноста на Германија на валутата во чие создавање таа игра најголема улога, принудивајќи ја да го острани длабоко вкоренетиот отпор кон политиките на ЕЦБ.

Уставниот суд на Германија ѝдаде рок на ЕЦБ до почетокот на август за да го оправда масовното купување државни обврзници или да ја продолжи програмата без Бундесбанката, која требаше да купи повеќе од една четвртина од обврзниците.

Извори од британската агенција генерално очекуваат дека правниот предизвик што го наметна судот во Карлсруе ќе го реши токму Бундесбанката со тоа што ќе демонстрира дека политиката на ЕЦБ е соодветна и ќе се занимава со стравовите за несаканите ефекти.

Сепак, персоналот во ЕЦБ и централните банки на еврозоната се подготвуваат за она што еден извор го опиша како „незамисливо“: сценарио во кое Судот ѝзабранува на Бундесбанката да учествува во набавката.

Во тој случај, ЕЦБ, или помалку веројатно другите централни банки на еврозоната, ќе ја преземат квотата на Бундесбанк во Програмата за набавка на јавниот сектор (ПСПП) и ќе купуваат германски обврзници, велат изворите.

Во меѓувреме, ЕЦБ најверојатно ќе покрене постапка за прекршување против Германската централна банка за неисполнување на своите обврски како член на Евросистемот, велат изворите.

Доколку Бундесбанката не се придржува, ЕЦБ ќе го упати случајот до Европскиот суд на правдата, прв ваков случај од создавање на еврото во 1999 година.

Досега германската влада изрази оптимизам дека може да се избегне вакво сценарио. Претходно овој месец, канцеларката Ангела Меркел им соопшти на високи партиски функционери дека проблемот е „може да се реши“ доколку Централната банка го објасни својот план.