Бен Крамп, адвокат на семејството на Џорџ Флојд, изјавил денес дека верува дека има доволно докази за да се потврди дека полицискиот службеник Дерек Човин, кој е обвинет за убиство на Афроамериканец, постапил со предумисла.
Шовин е обвинет за убиство од трет степен, но Крамп тврди дека станува збор за убиство од прв степен, пренесува „Би-Би-Си“.
„Не е јасно како не се квалификуваше за убиство од прв степен“, изјавил Крамп за Си-Би-Ес, според „Гласот на Америка“.
Тој посочил дека полицаецот го држел коленото на вратот на Флојд скоро девет минути, чија смрт предизвика протести низ САД.
„Сметаме дека тој имал намера“, рече Крамп.
Џорџ Флојд, невооружен Афроамериканец, почина за време на полициското апсење при кое Човин, според кривичната пријава, го држел коленото врз неговиот врат осум минути и 46 секунди.
Во кривичната пријава се додава дека патологот заклучил дека комбинацијата на физичката пресметка, можните опојни средства во организмот и здравствените проблеми што ги имал. придонеле за смртта на Флојд.
Сепак, двајца лекари кои извршиле независна обдукција врз телото на Џорџ Флојд, денес објавиле дека тој починал како резултат на задушување и дека станува збор за убиство.