Мистеријата на тајните тунели на Синатра: Што правеле таму поранешниот претседател на САД, познатата пејачка и лидерот на мафијата, ова се сите детали

од Aleksandar Petrovski
145 прегледи

Сите сме ги слушале приказните за Френк Синатра, мафијата, тајните тунели, Кенеди и Мерилин Монро, како и за гламурот и раскошот на казиното Кал Нева на северниот брег на езерото Тахо.

Сè звучи како фантазија и легенда, но многу приказни се вистинити. Тахо во тоа време е место за богатите, славните и озогласените. А тие престојуваа во Кал-Нева.

Кал-Нева е изградено во 1926 година од богат бизнисмен од Сан Франциско, кој едноставно го користел за забава на пријателите и гостите. Во триесеттите години на 20 век, куќата им е продадена на нови сопственици кои добиле дозвола да отворат казино. Местото веднаш станува хит за богатите и славните во 1930-тите, сè додека не изгоре во 1937 година.

Повторно беше изградено за само 30 дена со помош на 500 работници.

Непосредно пред да биде запалено, во 1935 година, 11-годишно девојче по име Франсис Гам настапи во Кал Нева. Неа ја забележа агент на МГМ кој потоа потпиша договор со неа. Френсис Гем го смени своето име во Џуди Гарланд и стана една од најпознатите на 20 век.

Кал-Нева стана хит со големите коцкари и мафијаши кои владееја со подземјето во 1940-тите и 1950-тите. Патем, сопственик на Кал-Нева во 50-тите години беше добар пријател на таткото на Џон Ф. Кенеди, Џозеф Кенеди. Кенедиеви често доаѓааа тука во 50-тите и 60-тите години, пишува Сноубринс.

Пејачот Френк Синатра го купи Кал-Нева во 1960 година и беше решен да го претвори местото во казино и одморалиште од светска класа. Синатра имаше беспрекорна концертна сала изградена заедно со хелиодром и тајни тунели кои што се протегаа од салонот до бунгалови зад хотелот на езерото.

Познати личности како и самиот Синатра ги користеа за да ги избегнат фановите и папараците. Влезовите во тунелот се наоѓаале во канцеларијата на Синатра, на хелиодромот и во плакарот на еден од бунгалови на езерото.

Френк Синатра, Дин Мартин и Сами Дејвис Јуниор – сите настапија во Кал-Нева за време на мандатот на Синатра како сопственик. Тие ги канеа нивните познати пријатели како Мерлин Монро и многу други да им се придружат.

Главното прашање што заинтригира многумина дури и денес е дали Џон Кенеди ја запознал Мерлин Монро токму таму и дали имало нешто помеѓу нив во тој хотел.

Можеби…

Според урбаната легенда, Кенеди и Мерилин Монро воделе љубов среде таен тунел во Кал Нева. Но, многумина сметаат дека тоа не е ништо повеќе од само-урбана легенда.

Иако …

Ајде да се вратиме на Синатра. Единствениот проблем на славниот пејач беше неговиот афинитет кон незгодни ликови, поточно членови на мафијата од 1960-тите. Сем Џианкана бил пријател на Синатра, а властите го открија во Кал-Нева во август 1963 година. Во времето кога Сем беше кум на мафијата, наследник на Ал Капоне, се смета дека тој нареди убиство на повеќе од 200 луѓе, а тој беше уапсен повеќе од 70 пати.

Тоа го чинеше Синатра одземање на лиценцата за управување на казиното. Притисокот врз Синатра да го продаде Кал-Нева беше голем. На крајот, подлегна на притисокот и го продаде. На 7 октомври 1963 година, тој конечно стави крај на златното доба на коцкањето и забава во тој дел на Невада.