Дали ќе нè застрелаш? Девојче преплашено гледаше во полицаец, а потоа тој ја прегрна (ВИДЕО)

од Aleksandar Petrovski
120 прегледи

Протестите во САД поради убиството на Џорџ Флојд во САД влегоа во втората недела, а видеа се шират на социјалните мрежи кои ја покажуваат најлошата бруталност, но и неверојатни сцени на љубов и разбирање.

Пред неколку дена се појави видео на девојче од Хјустон, кое застрашувачки го праша полицаецот дали ќе ја застрела.
Следеше неверојатна сцена откако полицаецот се приближи до девојчето кое плачеше покрај нејзиниот татко. Кога и се приближи, петгодишната Симон Барти го прашала полицаецот дали сега ќе ја застрела. Тогаш се случи сцена која го разнежни светот.

Полицаецот клекна покрај неа и почна да ја теши.

„Таа го праша дали ќе нè застрела, а тој ја прегрна и одговори:” Јас сум тука за да те заштитам. Нема да те повредиме. Можеш да протестираш, можеш да славиш, можете што сакате само немојте ништо да кршите изјавил таткото на Симон, кој го објавил видеото и на социјалните медиуми.