Шутираа полицаец на сред улица во Лондон, минувачите се смееја и правеа селфи (ВИДЕО)

од Aleksandar Petrovski
163 прегледи

Министерството за внатрешни работи и началниците на полицијата го осудија нападот врз полициските службеници на Скотланд Јард во јужниот дел на Лондон, по видеото што се шири на социјалните мрежи, на кое се гледа како група луѓе удираат полицаец на земја.

Додека лежеше на земја, полицаецот го шутираа, а неговата колешка, кој се обиде да му помогне, беше насилно истуркана и тепана.

На видеото се гледа непознат човек со бејзбол палка приближувајќи се до совладаниот полицаец, додека неколкумина го опкружуваат. Едниот го гуши додека другите го шутираат. Се слуша и како викаат и пцујат, а некој од позадината го снима сето тоа, пренесува Index.hr.

Во еден момент, неколку минувачи се собраа, се смееја и правеа селфи.

Уапсени двајца мажи, министерот и градоначалникот, го осудија нападот врз полицијата

Полицијата објави дека двајцата полицајци се здобиле со полесни повреди. Во краткото соопштение, тие велат дека биле повикани од лице кое тврдело дека е нападнато, а кога излегле на терен, покажала кон група луѓе, меѓу имало и белци и црнци.

Двајца мажи на возраст меѓу 20 и 38 години се уапсени за напад врз полицијата и остануваат во притвор.

„Болно, шокантно и срамно“, рече Прити Пател, министерката за внатрешни работи, а се огласи и градоначалникот на Лондон, Садик Кан.

– Најостро го осудувам срамниот напад врз двајцата метрополитански полицајци попладнево. Овие храбри офицери ја извршуваа својата должност помагајќи и на јавноста. Им благодариме. Им посакувам целосно и брзо закрепнување. Нападите врз нашата полиција нема да бидат толерирани. Ги повикувам сите што имаат повеќе информации за сторителите на овој грозоморен чин да контактираат со нас за да се обезбеди спроведување на законот – рече Кан.