Двајца келнери вработени во бифето во МВР се заразени од коронавирусот , а деновиве ги послужувале дополнителната министерка за внатрешни работи Славјанка Петровска и директорот на Јавна безбедност Сашо Тасевски.

-Од страна на стручните служби во МВР е остварен контакт со епидемиолози и во тек е преземање на понатамошни мерки, велат од МВР.