Пристигнаа резултатите од обдукцијата: Брукс бил убиен од зад грб, што ќе се случи следно?

од Nikola Popovski
221 прегледи

Обдукцијата утврдила дека смртта на Рeјшард Брукс, Афроамериканец, кој бил застрелан од полицаец во Атланта, е убиство предизвикано од прострелни рани од огнено оружје на грбот.

Во изјавата од Кабинетот на патологот во округот Фултон, обдукцијата покажала дека Брукс (27) починал поради загуба на крв и повреди на внатрешните органи предизвикани од два куршуми. Убиство било наведено како начин на смрт, пренесува Ројтерс.

Брукс бил убиен откако се спротивстави на апсењето на паркингот на ресторан за брза храна, каде што спиел во автомобил, со што бил блокиран преминот на другите корисници на патот.

За време на апсењето, дошло до незадоволство и провокации и Брукс грабнал електричен шокер од еден од полицајците, а потоа бил застрелан.

Неговата смрт предизвика големи протести на улиците на Атланта, а ресторанот за брза храна пред кој се случило убиството бил запален.

Инцидентот се случил во услови на големи тензии во американското општество по смртта на Афроамериканецот Џорџ Флојд во Минеаполис за време на полициското апсење.